Да ја направиме најдобрата мрежа во Македонија уште подобра!
Telekom NetTest го мери квалитетот и брзината на мобилната мрежа на Македонски Телеком. Апликација има за цел да обезбеди податоци со кои уште повеќе ќе се подобри мобилната мрежа на Телеком, а воедно ќе го подобри и корисничкото искуство.

Со користење на апликацијата се вршат позадински мерења на квалитетот на мобилната врска и брзината на мобилниот интернет, се прават активни тестирања на интернет брзината на иницијатива на корисникот, се даваат детали за локацијата и се оценува корисничкото задоволство, а сите овие податоци се внесуваат во базите на податоци на Телеком за понатамошна обработка.
Податоците ќе придонесат кон подобар увид во мрежата, квалитетот и локациите каде има пречки, а со тоа и доволно податоци за нашиот технички тим да ја подобри.
Апликацијата е наменета само за корисниците на Македонски Телеком, а интернет сообраќајот во апликацијата кој се генерира за мерењата на брзината на мрежата не се пресметува во интернет сообраќајот вклучен во корисничките пакети.