Прва верзија од апликацијата
Мобилната апликација Price Hero e тука! Македонски Телеком на своите корисници им овозможува неповторливо AR доживување на нивните смартфони. Најавете се на апликацијата со Вашиот Телеком ID, скенирајте го QR кодот на ценовното ливче во Телеком продавницата, ценовното ливче се заменува со виртуелно, а на виртуелното се наоѓа најдобрата понуда за Вас.
Како појаснување, AR (Augmented Reality) е технологија којашто проектира видео содржина врз содржината што ја гледате низ камерата на мобилниот уред. Апликацијата Price Hero овозможува презентација на персонализирани понуди за секој корисник, нов или постоен. Начинот на презентација на понудатa се прави во AR околина. Апликацијата помага во изборот на мобилен уред, овозможувајќи му на корисникот да го види уредот во возбудлива AR околина.