Нови карактеристики
Подобрен UX
Мобилната апликација Мојот A1 Ви овозможува лесно и брзо да управувате со Вашите A1 мобилни и фиксни услуги. Апликацијата Mојот A1 е интуитивна, дизајнирана според последните трендови во дизјан на апликација и корисничко искуство и наменета за сите постпејд и припејд, приватни и бизнис корисници. Бесплатна и едноставна за користење, Мојот A1 е достапна на македонски, албански и англиски јазик.
Мојот A1 ги нуди следните можности:
А1 постпејд корисници:
- следење на состојбата на Вашата постпејд сметка како и искористеноста на активните пакети за GB/MB, минути, SMS и др.,
- опција за промена на тарифа
- приказ на состојбата на A1 Net Sef и Опција за размена,
- приказ на 12 последни сметки и детален преглед на последни 5 сметки,
- приказ на моменталната состојба за тековен месец како и детален приказ,
- плаќање на Вашите сметки преку самата апликација и активирање на електронска сметка,
- активација и деактивација на мобилни и фиксни пакети и услуги,
- отстранување на техничка потешкотија преку Дигитален техничар за фиксни услуги,
- пронаоѓање на локацијата на најблиските A1 продажни места до Вас,
- префрлање на кредит од мобилен постпејд на мобилен припејд број,
- информации за најновите А1 понуди и услуги,
- опција за замена на ТВ пакетите во портфолијата кои ја поддржуваат оваа опција,
- пристап до секцијата за поддршка каде што може да пратите барање до нашиот Контакт центар, да започнете разговор со виртуелниот експерт Славчо или пак да добиете пристап до најчесто поставуваните прашања и туториjали на нашата веб-страница www.A1.mk.
А1 припејд корисници:
- следење на состојбата на Вашиот припејд кредит,
- важност на Вашата SIM картичка и статус на Вашиот припејд број,
- активација и деактивација на мобилни пакети и услуги,
- пронаоѓање на локацијата на најблиските A1 продажни места до Вас,
- надополнување на Вашиот припејд телефонски број, користејќи кредитна или дебитна картичка или пак ваучер,
- SOS надополнување од пријател,
- информации за најновите А1 понуди и услуги,
- пристап до секцијата за поддршка каде што може да пратите барање до нашиот Контакт центар, да започнете разговор со виртуелниот експерт Славчо или пак да добиете пристап до најчесто поставуваните прашања и туториjали на нашата веб-страница www.A1.mk.
Доколку имате профил на веб-апликацијата Мојот A1 на www.A1.mk, можете да го користите за најава на мобилната апликација.
Со превземање и користење на мобилната апликација Мојот A1 ги прифаќате Правилата и условите за користење.