Математика 2

Playmoood Kids

Математика 2

آموزشی
  • 0.00
(0 رای)

نصب رایگان

1000

نصب ها

Android 4.2+

نسخه حداقل

با تبلیغات

تبلیغات

01.01.1970

تاریخ انتشار

توضیحات:

Ајде да го обновиме и прошириме знаењето за нашата Математиката за второ Одделение на еден забавен, едукативен и иновативен начин.

Со проучување на веќе дадената стручна литература од областа на математиката за второ Одделение и со помош од наставен кадар креиравме апликација наменета за нашите второ одделенци.

Математичките содржини во оваа игра имаат за цел да им помогнат на учениците од второ одделение да ја научат или повторат математиката на еден поинаков начин. Преку забава и игра и логички задачи, малите математичари ја ќе ја научат математиката, ќе ги развијат фините моторички вештини и ќе ги подобрат интелектуалните способности, памтењето и концентрацијата.

Во оваа виртуелна збирка на задачи ќе најдете 11 теми со 27 активности како што се:
• Броеви (парни и непарни, броење со 2, броење со 10, подредување)
• Собирање (едноцифрени и двоцифрени)
• Одземање
• Задачи со пари (монети, банкноти)
• Мерки за време (одбери часовник, одбери време);
• Останати мерки (должина, волумен, тежина),
• Работа со дропки (препознавање, боење, пронаоѓање) и
• Препознавање на форми (2д форми,3 д форми).

Едукативниот аспект на Математиката за второ одделение е дополнително збогатен со внимателно избран дизајн, весели анимации и аудио материјали кои ќе се погрижат да го привлечат и задржат вниманието на учениците. Задачите се интересни, а методот на изучување се базира на континуирано стимулирање на успехот на детето со пофалби, како и прифаќање на секое погрешно решавање на задачата без прекинување на истата - бидејќи потрагата за решението е дел од детското учење и едукација.

Заштита на личните податоци:
Бидејќи и самите сме родители, Playmoood приватноста на децата ја става на прво место. Нашата апликација не ги собира личните податоци и не содржи реклами.
Ако имате било какви повратни информации и сугестии за тоа како би можеле понатаму да го подобриме дизајнот и интеракцијата на нашите апликации и игри, ве молиме оставете ни порака на [email protected].

Playmoood Kids برنامه های دیگر

دانلود